Гостивар
Над 5.500 граѓани имаат погрешна трансакциска во МојДДВ – УЈП со апел да корегираат

При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврдила дека 5.506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.
„Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на ЕПДД.“, апелира УЈП.
Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила