Вести Гостивар
Над 50.000 возила поминале на гостиварска патарина – Во недела ќе има гужви, да се почитуваат правилата

Многу граѓани решија продолжениот празничен викенд да го поминат во некои од туристичките места, како Охрид, Струга, Маврово, поради што деновиве имаше зголемен интензитет на сообраќај на западната магистрала. Според податоците од наплатната рампа кај Гостивар и согледувањата на СВР Тетово, вчера и денес (1 и 2 август) патарината ја поминале над 50 илјади возила.
За да се избегнат гужви и застои на патиштата, полицијата најавува посебни мерки во недела и апелира возачите да бидат совесни и трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„Се очекува најголемиот број од граѓаните кои отпатуваа кон туристичките места, да се враќаат на 4-ти август во попладневните и вечерните часови. Затоа, за да се избегнат застои на магистралниот пат Гостивар-Кичево и автопатот „Мајка Тереза“ ќе бидат организирани повеќе служби за регулација на сообраќајот. Апелираме до возачите да да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, како и правилата и прописите“, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Како критични точки на патиштата во овој дел се сметаат здуњската и мавровската раскрсница, како и превојот Стража, кадешто возачите вообичаено прават пауза и често ги оставаат автомобилите паркирани на коловозот.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 20 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер