Вести
Над 60 илјади денари месечно – компјутерските програмери имаат највисоки плати во Македонија

Според податоците кои денес ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесувала 24 548 денари. ДЗС пресмета дека во однос на истиот месец претходната година, има зголемување на платите кое се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Информации и комуникации (19.2 %), Рударство и вадење на камен (18.6 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.2 %).
Листата на најдобро платени професии во Македонија и натаму ја предводат компјутерските програмери со над 60.000 денари месечни приходи. Добро се платени и во воздухопловен транспорт со околу 57.000 денари, фармацевтите околу 43.000, додека правниците и сметководителите земаат во просек по 30.000 денари плата.
Најниски плати имаат работниците во угостителството кои подготвуваат или служат храна, во продавниците, работници ангажирани за производство на мебел и на облека, кожари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести