Гостивар
Над 60 казнети за брзо возење во Гостивар при вчерашната акција

Секторот за внатрешни работи Тетово и овој викенд реализираше повеќе сообраќајно-контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион. Вчера (19 март) од 12 до 18 часот спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која биле откриени и санкционирани 57 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-22 и ГВ-35) надвор од населено место. Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час, 24 пречекорувања до 70 километри на час (ТЕ-12 и ГВ-12) и така натаму.
Покрај ова, санкционирани се и 52 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-25 и ГВ-27), како и 10 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да не брзаат непотребно и да ја прилагодат брзината според условите на патот и посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје каде и најчесто се пречекорува дозволената брзина за 50 и повеќе километри на час. Истото се однесува и на регионалните и локалните патишта, а крајна внимателност им се препорачува на возачите и по градските улици, пред се по влезните улици во Тетово и Гостивар. Со тоа најнепосредно тие ќе придонесат во континуираните напори што се преземаат за поголема лична и вкупна сообраќајна безбедност на ова подрачје.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение