Земјотресите кои вчера ја погодија Албанија, освен паника и страв меѓу граѓаните предизвикаа и материјални штети. Како што јавија албанските медиуми, оштетени биле скоро 70 куќи во неколку градови. Во најголем дел се работи за распукани ѕидови.
Тамошното Министерство за одбрана побара трпение од граѓаните во однос на проценката на штетите, кои ја прават специјализирани служби.
Албанија вчера попладне ја погодија серија земјотреси, од кои два појаки со јачина од 5,4 и 5,1 степени според Рихтер.
Еден од потресите силно беше почувствуван и во Гостивар и ги вознемири жителите.