Гостивар
Над 60 возачи во Гостивар ќе си „бркнат во џеб“ заради брзо возење, некои ќе останат и без дозволи

Денеска (8 декември) во периодот од 8 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 139 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-106 и ГВ-33).
Од нив, 3 возачи, сите во гостиварско, пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 17 возачи (ТЕ-9 и ГВ-8) за над 50 до 70 километри на час и така натаму. Покрај тоа, санкционирани се и 65 пречекорувања (ТЕ-35 и ГВ-30) на пропишаната брзина во населено место.
„На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои пречекориле за повеќе од 50 и 70 километри на час ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, информира портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
СВР Тетово повторно со апел до возачите во и надвор од населено место да не возат побрзо од дозволеното и целосно да ги почитуваат постоечките знаци, правила и прописи.
Ова, дотолку повеќе што во регионот веќе се чувствува зголемена сообраќајна фрекфенција, пред се на автопатот Гостивар-Тетово- Скопје, каде и најчесто се вози пребрзо.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос