Македонија
Над 600 верници беа дел од искачувањето и литургијата на врвот Голем Крчин

Над 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти годинава учествуваа во искачувањето на врвот Голем Крчин, на надморска височина од 2.341, метри кадешто беше отслужена Божествена Литургија во чест на празникот Преображение.
Настанот по четврти пат го организираа братството од Бигорскиот манастир и сестринствата на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица и на „Света Пречиста Богородица“ од Дебар.
„Да му се служи на Бога на овие природни висини е особено длабоко искуство. Чиниш, се соединуваат небото и земјата и заедно ликуваат, вознесувајќи му благодарност на Бога за големите добрини со кои он ги исполнува нашите души. Божествената, пак, енергија на љубовта и веселото духовно расположение, кое извираше од самата богослужба, веруваме ќе придонесе за ова необично искуство уште долго да се прераскажува. Навистина беше прекрасно да се види големиот број на причесници, кои за својот необичен подвиг примија обилен благодатен благослов.“, наведуваат од монашкото братство на Бигорски.
Настанот, кој го иницираа монасите и монахињите секоја година добива на атрактивност и привлекува се` поголем број на вљубеници во планините.
фото: Бигорски манастир
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 3 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година