Поврзи се со нас

Гостивар

Над 90 вредни домаќинки учествуваа на Питијада 2019 во Ростуше

Питијада 2019 Mavrovo Ростуше

Објавено

на

Ростуше денес беше домаќин на голем број на посетители и туристи од земјава и странство на традиционалниот Избор на најдобра Мавровско-Реканска пита. Присутните имаа можност да уживаат во природните убавини на регионот и да вкусат  домашни специјалитети подготвени по традиционални рецепти.

На натпреварот за најдобра пита учествуваа деведесетина жени од повеќе села во Општина Маврово и Ростуше, а жири комисијата за победник ја прогласи питата на  Елмира Бардул од Скудриње.

„Оваа манифестација има за цел да ги промовира специјалитетите кои се карактеристични за овие краишта подготвени од умешните раце на домаќинките и да придонесе за развој на туризмот во нашата општина.“, изјави градоначалникот Медат Куртовски, кој ја отвори Питијадата.

Денот започна со посета на посета на водопадите кај Дуф, а се заокружи со културно-уметничка изведба со зурли и тапани на познатите „Мајовци“ од Дебар.

Манифестацијата ја проследија и голем број на печалбари од реканскиот регион кои работаат во Италија, Германија, Швајцарија и други земји на ЕУ, а кои моментално престојуваат во родниот крај.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена