Гостивар
Над 900 деца вакцинирани во општините Гостивар и Врапчиште во кампањата „Од врата до врата“

Активностите од кампањата за подигнување на свеста за важноста на имунизацијата на гостиварското подрачје успешно се заокружуваат. Од почетокот (25 април) до денес, тимовите на Здравствениот дом Гостивар вакцинирале 890 деца од школска и претшколска возраст со вакцини од редовниот календар, како и 30 деца на 4 и 5 годишна возраст кои немале примено вакцини навреме.
„Наша оценка е дека постигнавме успех, особено со децата што не беа имунизирани според редовниот календар и тоа најчесто со МРП вакцина, која сега ја примија. Нашите тимови изминатиот период беа секојдневно на терен на подрачјата на општините Гостивар и Врапчиште“, вели д-р Дафина Богданоска од Службата за вакцинација.
Во рамки на кампањата во градот Гостивар биле посетени или телефонски исконтактирани 170 семејства, а во селата: Чегране, Форино, Дебреше, Врапчиште, Добридол, Неготино-полошко и Градец 156 семејства. При тоа медицинските лица ги информирале за бенефитите од вакцинирањето против заразни болести, кој потпаѓа под вакцина, што претставува вакцината, а граѓаните добиле можност да постават прашања за сите недоумици што ги имаат на таа тема. Активностите од кампањата, која завршува утре (31 мај) опфаќаат и делење на информативен материјал.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден