Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 20/11/2018

Над половина од предметите на Вишото јавно обвинителство во Гостивар лани останале нерешени

На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар во 2017 година во работа биле кривични пријави против вкупно 4.385 лица, од кои 2.234 пријавени лани, а против 2.151 лице од претходната 2016 година. Од таа бројка,  одлуки биле донесени против 1.937 лица или 44 %, а во работа останале кривични пријави против 2.448 лица или 56%. Податоците се содржани во Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2017 година, што го објави ЈОРМ.

Во продолжение на извештајот е наведено:

„Основното јавно обвинителство Гостивар учествува со 55,5% од вкупното постапување на ова подрачје. Ова основно јавно обвинителство е со проширена надлежност и ги опфаќа подрачјата на општините Гостивар, Кичево, Дебар и Македонски Брод. Со оглед на обемот на постапување и територијата која спаѓа под ова основно јавно обвинителство, поразителен е фактот што функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар во 2017 година ја извршуваа 4 јавни обвинители и основниот јавен обвинител, кои од 2017 година е дополнително намален за едно лице кое ги исполни условите за старосна пензија. Имено, согласно одлуката на Советот на јавните обвинители во Република Македонија во Основното јавно обвинителство Гостивар се предвидени девет јавни обвинители, што значи ова јавно обвинителство јавнообвинителскатa функција ја извршува со само половина од потребниот број на јавни обвинители. Според тоа, недоволниот број на јавни обвинители е една од главните причини поради кои 56% од вкупниот обем на предмети во 2017 година на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар на крајот од годината останале во работа, но и недоволното ангажирање на постојните јавни обвинители за совладување на приливот на предмети“.

 

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*