Вести
Над триесет казни за брзо возење викендов во Гостивар
Сообраќајната полиција во текот на изминатиот викенд спроведе акциски контроли за брзина на поширокото гостиварско подрачје. Исходот ја потврдува несовесноста и недисциплината на возачите.
Вкупно триесет и три возила се движеле пребрзо и тоа 13 низ градските улици, додека останатите по патиштата надвор од населено место. Дваесет и осум возачи се соочиле со казни, додека петмина поминале полесно, со писмени опомени.
„Брзината ќе се контролира и во наредниот период, посебно на градските улици и пред се во вечерните часови, затоа што токму поради нејзиното неприлагодување, многу често се случуваат сообраќајни несреќи со најсериозни последици, односно со загинати или тешко повредени лица и со голема материјална штета“, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи.
Казните за брзо возење се движат од 10 до 400 евра, во зависност од тоа колку е пречекорена дозволената граница. За оние кои многу претерале во „фраерлукот“ предвидена е и времена забрана за управување со возилото, од три месеци до една година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград