Поврзи се со нас

Спорт

Надал по голем пресврт до трофејот на Австралија опен

Објавено

на

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 21. Грен слем титула откако попладнево во Мелбурн го совлада Русинот Данил Медведев. Во меч што траеше пет и пол часа, Надал губеше со 2:6 и 6:7, но следуваше голем резултатски пресврт и три добиени сета со 6:4, 6:4 и 7:5.

Надал е прв со 21 трофеј од големите турнири, четвртиот во историјата кој двапати ги освоил сите Грен слема. Претходно, секој од „гренд слем трурнирите“ ги освои најмалку двапати Новак Ѓоковиќ, Рој Емерсон и Род Лејвер.

Надал освои две титули на Австралија опен, 13 на Ролан Гарос, две на Вимблдон и четири на УС Опен.

Воедно, Шпанецот е четвртиот најстар шампион на Австралија опен. Тој сега има 35 години и 241 ден. Постари од него во моментот кога го подигнале трофејот во Мелбурн биле Кен Роузвол – 36 години 73 дена (1971 година); Роџер Федерер – 36 години 173 дена (2018); Роузвол 37 години 62 дена.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена