Гостивар
Надеж-Кандидатите за градоначалник ја поддржуваат Декларацијата за лицата со попречености

Гостиварката Маргарита Милошеска, која ја покрена иницијатива, кандидатите за градоначалници да потпишат Декларација за поддршка на лицата со попречености, изразува задоволство од досегашниот тек на активностите. Координаторката на Ресурсен центар и мајка на девојче со церебрална парализа, не‘ информираше дека голем дел од кандидатите дале своја поддршка (над 20), а со средби продолжуваат и во наредните денови.
Меѓу нив се и двајцата кандидати за градоначалник на Гостивар, кои влегоа во вториот круг Арбен Таравари од Алијанса и Невзат Бејта од ДУИ.
Милошеска вели дека деновиве оствариле конструктивна средба со кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска која дала ветување дека ќе ја потпише декларацијата првиот ден после изборите, доколку добие мандат. Поддршка очекуваат и од Петре Шилегов со кого имаат закажано средба во среда. „Апелирам до сите кандидати кои до сега не ја потпишаа декларацијата, да го сторат тоа во наредните денови, пред вториот круг на избори“, вели Маргарита.
Во декларацијата се наведува дека кандидатите кои ќе станат идни градоначалници во текот на првите шест месеци од мандатот, општината под нивно раководство ќе направи мапирање на социјалните сервиси и ќе изготви социјален план. Исто така, во текот на првата година од мандатот ќе се направи анекта и евидентирање на сите лица со попреченост, со посебен осврт на нивните потреби, но и на нивните вештини и знаења, во правец на задоволување на потребите и нивна инклузија, интеграција и социјализација.
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие