Поврзи се со нас

Гостивар

Наградени средношколци од Гостивар на државен натпревар за млади истражувачи

Објавено

на

Учениците од гостиварската гимназија и медицинското училиште постигнаа значителен успех на државниот натпревар во применети природни и технички науки за млади истражувачи, кој се одржа денес во Велес. Средношколците од Гостивар покажаа знаење и практични вештини во различни области и освоија низа награди.

Под менторство на професорот по биологија Ѓоко Атанасовски, од гимназијата во категоријата „Ботаника и зоологија“ Митко Тофиловски го освои првото место, Ева Дејаноска беше втора, додека Елена Атанасовска освои трето место.

Во категоријата „Екологија“ ученичката Теодора Николоска беше првопласирана, а Виктор Угриноски – второпласиран. Во категоријата „Обновливи извори на енергија“ првото место му припадна на Филип Билбиловски. Трето место освоија Михаела Јаќимоска (Микробиологија), Лилјана Бибоска (Квалитет и безбедност на храна) и Елена Николоска (Биохемија). Од медицинското училиште пак, во категоријата „Фармација“ првото место го освои Луција Василеска.

Под менторство на професорот по физика, Мирослав Петроски награди освоија гимназијалците Даниел Ристески (второ место) и Зорина Савеска (трето место) во областа „Применета физика“.

Гостиварската гимназија на натпреварот беше прогласена за најдобро училиште со најголем број награди.

Натпреварот за млади истражувачи го организираше Народна Техника на Македонија по 59-ти пат.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена