Вести Гостивар
Најавена бесплатна замена на печките на дрва со инвертори

Граѓаните кои своите домови ги затоплуваат со печки на дрва, ќе добијат можност истите бесплатно да ги заменат со инвертори. Ова го најави премиерот Зоран Заев, а мерката ќе се реализира во склоп на Планот за намалување на загаденоста на воздухот.
„Од претстојната грејна сезона, најавуваме дека ќе овозможиме бесплатна замена во домаќинствата на печките кои користат огревно дрво и фосилни горива со високоефикасни инвертори. Трошоците за користење на инверторите за домаќинствата се значително пониски од други начини на греење, вклучувајќи го и огревното дрво, топлинскиот комфор е далеку поголем, а како дополнителна вредност е можноста за ладење во летниот период. Но, клучно е дека на овој начин заеднички ќе си го заштитиме воздухот кој сите го дишеме и кој не препознава ни партија, ни политика, ни било каква припадност“, изјави Заев.
Проектот најпрво ќе започне да се спроведува во Скопје, Битола и Тетово, а потоа ќе бидат вклучени и други градови.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 20 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер