Македонија
Најавена реконструкција на сите споменици од НОБ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека ќе се реконструираат сите споменици од НОБ.
За реконструкција на сите споменици и спомен-обележја од НОБ, како што рече, Владата обезбеди пари од Буџетот на државата иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен-обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје.
-Со буџетот за оваа година, сите споменици и спомен-обележја од НОБ на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани што се случиле и се сведоштво за непокор и борбата за слобода, ќе бидат реконструирани. Министерството за култура е задолжено да склучи договори, меморандуми за соработка со општините за санација на спомен-обележјата и да достави информација до Владата во која ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел. Целта е, повторувам уште еднаш, сите споменици од НОБ да бидат реконструирани, подвлече премиерот, одговорајќи на прашање од пратеничката Лидија Тасевска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар