Македонија
Најавени засилени контроли за точење алкохол на малолетници, казните се до 4.000 евра

Државниот пазарен инспекторат (ДЗИ) најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на државата, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица.
„Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец. Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол! Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!“, наведуваат од ДЗИ
Од Државниот пазарен инспекторат истакнувата и дека заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продоли да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос