Македонија
Најавено враќање на евтината струја, но и покачување на ДДВ-то

Од 1 јули годинава граѓаните најверојатно повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од 1 јули“, изјави Битиќи во гостувањето во „Утринската програма“ на телевизија Телма.
Тој посочи дека висината на цената на струјата преку соодветни параметри ја определува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, која се очекува да ја донесе конечната одлука кон крајот на јуни.
„Имаме месец и половина пред нас, а ние не зависиме само од домашните производители на електрична енергија“, нагласи Битиќи, додавајќи дека како и сите одлуки во последнава година и половина, така и оваа ќе биде во полза на граѓаните.
Вицепремиерот во гостувањето најави и дека стапката на данокот за додаден вредност (ДДВ) за струјата од 10 отсто постепено ќе се враќа на 18 проценти, за што анализите се при крај.
Битиќи потенцира дека првпат од независноста на земјата актуелната Влада работи на подготовка на Национална стратегија за развој, која би требало да го трасира патот за идниот развој на државата.
„Во секоја стратешка област ќе биде јасно разграничено каде сакаме да стигнеме. Тоа е визијата и во наредниот период ќе се работи на акцискиот план, како тоа да се постигне“, изјави вицепремиерот Битиќи, додавајќи дека преку оваа Стратегија ќе се мапираат тековните и постоечките предизвици на општеството, со фокус на изградба на соодветни капацитети со цел државата да биде подготвена и да може успешно да се соочи со идните предизвици.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение