Поврзи се со нас

Гостивар

Најави за нови фабрики и вработувања – Министерот Бектеши во посета на компании во Гостивар

Објавено

на

Министерот за економија Кресник Бектеши заедно со вицепремиерот Артан Груби денес беа во посета на неколку компании во регионот на Гостивар, а посетата ја завршија на локација каде компанијата Алмеро ќе гради нова фабрика.

„Сакам да им честитам на сопствениците на компанијата што имаат храброст во време на пандемија да инвестираат, што кореспондира со мерките што ги реализиравме претходната година и дополнителните што веќе ги најавивме. Тоа е целта, да излеземе во пресрет на вакви инвестици, да ја зголемиме конкурентноста, иновативноста, да креираме нови работни места и да го зголемиме извозот.“, рече Бектеши, најавувајќи дека  следниот месец во Гостивар ќе почнат да се градат уште две фабрики, една за пакувана вода и една за производство за храна.

Министерот рече дека минатата година со мерките на Министерството за економија се поддржани инвестиции на компании од регионот на Гостивар од над 4 милиони евра.

„За поздравување е што има компании кои инвестираат и во време на пандемија. Секако, мерките од Владата да се прошируваат капацитетите и да има нови работни места се од голема помош“, рече Груби.

Бектеши и Груби при посетата беа придружувани од пратеници од ДУИ, заменик министерот за одбрана Башким Хасани, како и потпретседателот на партијата Невзат Бејта.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена