Здравје и убавина
Најчестите грешки во обидите да се изгуби тежина
Луѓето, кои се борат со губењето маснотии и тежина, често ги прават следниве грешки коишто, всушност, ве спречуваат да ја губите несаканата тежина.
Внесувате премногу калории
Тоа, вообичаено, е поради напитоците, меѓу другото. Вашето утринско „Лате“, енергетските пијалаци, алкохол, па дури и „здравите“ сокови и комбинации се на овој список. Повеќето од нив содржат многу шеќер и дополнителни калории. Исто така, понекогаш самото џвакање и варење цврста храна согорува повеќе калории отколку пиењето.
Не внесувате доволно протеини
Недостигот на протеини е уште една голема грешка. Пред сè, протеините обезбедуваат чувство на ситост, па и при оброците, а нивното варење согорува калории. Тоа го стабилизира човековиот метаболизам и води до севкупно намалено потрошување калории.
Несправување со стресот
Постојаниот стрес го тера телото да го произведува хормонот кортизол. Оваа супстанција го зголемува складирањето на телесните масти доколку тоа не се исконтролира.
Недостаток на сон и одмор
Тоа може да го спречи согорувањето маснотии. Недоволниот одмор го зголемува нивото кортизол и предизвикува намалување на чувствителноста на инсулин. Ова значи дека Вашето тело и во овој случај е посклоно да складира маснотии и да не го добие потребното обновување за согорување на мастите.
Недоволно пиење вода
Недостатокот на вода може да го спречи согорувањето на мастите. На телото му треба вода за сите негови метаболички процеси и функции. Недоволно вода го забавува метаболизмот, ја попречува неговата способност да се ослободи од отпадот и го зголемува чувството на глад, кога, всушност, телото е жедно.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград