Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Најчестите симптоми на дијабетeс

Објавено

на

Дијабетесот е болест која има влијание на способноста на телото да произведува инсулин, а ова резултира со висок шеќер во крвта. Првите симптоми може да бидат навистина суптилни, па повеќето луѓе ги игнорираат. Ако не се лекува, дијабетесот не само што ќе го намали квалитетот на животот, туку може и да го скрати. Токму поради ова е важно навреме да се открие. Погледнете некои од најчестите рани симптоми кои ќе ви помогнат во тоа.

Зголемена жед и потреба за во тоалет

Зголемената жед и честото уринирање се најчестите симптоми за дијабетес. Кога имате дијабетес, вашите бубрези не можат да го апсорбираат вишокот шеќер. Поради ова, тој завршува во вашата урина и ги „собира“ течностите од ткивата. Ова ве тера почесто да одите во тоалет и ве дехидрира. За да ја изгаснете жедта пиете уште повеќе течности, а ова води до уште почесто уринирање. Од 4 до 10 пати дневно е нормален број за здрава личност.

Зголемен глад

Зголемениот глад, заедно со претходните симптоми, е уште еден знак за дијабетес. Ако вашето тело не произведува доволно инсулин, не може да ја претвора храната во глукоза, која пак им е потребна на клетките за енергија. Поради ова, вашиот глад не исчезнува дури и после оброк. Всушност, јадењето само ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта. Ако постојано јадете, а гладот не престанува, можеби е најдобро да го посетите вашиот лекар.

Замор

Друг чест симптом за дијабетес е постојаниот замор. Ако го имате ова нарушување ќе се чувствувате заморно и поспано, и тоа од истата причина од која чувствувате глад – вашите клетки немаат доволно глукоза за енергија. Дехидрацијата поради честото уринирање исто така може да биде причина за заморот. Заморот често е симптом и за други нарушувања, но во комбинација со овие знаци, можеби станува збор за дијабетес.

Замаглен вид

Кога замаглениот поглед не е поради проблеми со очите, може да биде ран знак за дијабетес. Ова се случува поради менување на нивото на течност во телото, а ова прави леќите во вашите очи да ја менуваат формата. Оваа промена влијае на способноста за фокусирање, па работите ви изгледаат замаглено. Овие промени не се трајни и вашиот вид ќе се врати во нормала штом ќе се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Сепак, ако болеста не се лекува, овие промени може да доведат до слепило.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена