Гостивар
НАЈЧИТАНИ ВО 2019-та: „Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето“, порача 15 годишната гостиварка Елиза
На опашката сме од оваа 2019-та година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од јануари, па се до денеска. Порталот Gostivarpress.mk во 2019 објави околу 4.500 вести, од кои 90% се авторски на редакцијата и имаше повеќе од 4.050.000 посети.
Време е на празнувања и почитувајќи го тој дух и за да придонесеме за поубава празнична атмосфера, ќе ги заобиколиме вестите од црната хроника. Денес и утре, целосно ќе ги реобјавиме најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…
„Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето“, порача 15 годишната гостиварка Елиза
Објавено на: Септември 13, 2019 @ 11:09
„Мојот живот е како во книга, за да го разбереш треба да го прочиташ, а ако не можеш да го прочиташ, потруди се со душа и срце да го разбереш“, со овие емотивни зборови 15 годишната гостиварка Елиза Абдија и` се обрати на публиката на синоќешната претстава „Јас сум“, посветена на слепите и лицата со оштетен вид. Преку претставата беа испратени моќни пораки: дека овие лица треба да бидат прифатени еднакво во општеството, дека им е неопходна помош и поддршка од институциите и заедницата и дека секој човек може да придонесе за олеснување на нивното секојдневие и остварување на нивните животни цели.
Симболично, публиката на влезот добиваше црн превез околу очите и чекорите од вратата до столчето, во салата на Центарот за култура ги правеше со врзани очи. „Како ви беше да не можете да видите ништо, да чувствувате несигурност и страв на секој чекор. Да ви треба помош да си го најдете местото?. Така јас се чувствувам петнаесет години!“, рече Елиза во монологот на почетокот од претставата, нагласувајќи дека тоа сепак не ја спречува да ги развива своите таленти и да ги следи своите соништа. „Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето и душата“, порача младата гостиварка.
Драмата ја режираше Вјолца Бафтиу Зулбеари, а покрај Елиза, улоги глумеа и група млади актери од Гостивар. „Ова е многу емотивна вечер за нас, презадоволни сме што успеавме да го свртиме вниманието кон проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со оштетен вид. Им благодарам на сите што дојдоа и ја дадоа својата поддршка.“, рече режисерката.
Салата во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар на синоќешната претстава беше преполна. Меѓу публиката беа бројни личности од јавниот и политичкиот живот, градоначалникот Арбен Таравари, екс министерот за култура Асаф Адеми, членови на здружението за слепи и лица со оштетен вид „Реалност“, Општинската организација на Црвениот Крст, раководни луѓе на локални установи и институции.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар