На опашката сме од оваа 2020-та година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид). Порталот Gostivarpress.mk во оваа 2020 објави околу 4.200 вести, од кои 95% се авторски на редакцијата и имаше повеќе од 8.151.000 посети.
Денес утре и задутре, целосно ќе ги реобјавиме 15-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…
Објавено на: Јул 26, 2020 @ 16:30
Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ утрово по единаесетти пат тргна кон Крушево во чест на големиот национален и државен празник Илинден.
Коњаницата годинава ја предводи пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Рашела Мизрахи, а во редовите на коњаниците најмлад е 10 годишниот Петар од Крушево.
Коњаниците утрово тргнаа од Зубовце, се упатија кон Тумчевиште, па во Гостивар, каде ги посетија вечните почивалишта на загинатите припадници на безбедносните сили, продефилираа низ градот и со добиениот благослов во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ се упатија кон манастирот „Св.Јован Бигорски“.
Во манастирот, утре наутро свечено ќе положат заклетва и со благослов на игуменот Партениј, својот марш ќе го продолжат кон Крушево.
Коњаницата ќе го помине патот од околу 200 километри по кој било пренесено првото црешово топче за поддршка на илинденските востаници. На 2 август коњаниците ќе учествуваат на прославата 10 дена Крушевска Република.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK