Вести
НАЈЧИТАНИ ВО 2020: Со парите за светилки и украси Општина Гостивар ќе набави таблети за деца од сиромашни семејства
На опашката сме од оваа 2020-та година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид). Порталот Gostivarpress.mk во оваа 2020 објави околу 4.200 вести, од кои 95% се авторски на редакцијата и имаше повеќе од 8.151.000 посети.
Денес утре и задутре, целосно ќе ги реобјавиме 15-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…
Објавенo на: Дек 10, 2020 @ 15:56
Наместо за нови светилки, елка и други новогодишни реквизити, поголемиот дел од парите за празничното украсување на Гостивар ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели. Тргнувајќи од фактот дека децата од сиромашните семејства немаат услови за одржување на онлајн настава, Општина Гостивар реши финансиските средства за новогодишното китење на градот да ги искористи за купување таблети за ученици од ранливи категории.
Планирано е да се набават 100 вакви електронски уреди.
„Вообичаено за новогодишно украсување од буџетот се издвојувале 1,5 милиони денари. Оваа година, поради пандемијата решивме поголем дел од тие средства да ги употребиме за набавка на таблети за ученици од социјално ранливи семејства, знаеме каква е ситуацијата, има голем број деца што не можат да учат, поради тоа што немаат услови. Украсувањето на градот ќе биде скромно, само во централното подрачје“, рече Валбон Лимани, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Гостивар.
Точна временска рамка кога таблетите ќе бидат поделени на учениците нема, заради тендерските процедури за нивна набавка. Но, од локалната самоуправа велат дека акцијата целосно би се завршила до крајот на јануари. Ова значи дека второто полугодие, децата ќе имаат уреди за да следат настава преку интернет.
Нова година се ближи, но за разлика од претходно во овој период од декември, сега низ Гостивар не се чувствува никаква празнична атмосфера. Неизвесно е дали печалбарите годинава ќе останат верни на традицијата, новогодишните празници да ги поминат во родниот крај.
Пред два дена, на вообичаената локација, кај големиот паркинг простор спроти Центарот за култура беа поставени новогодишните тезги. Трговците нудат честитки, украси, балони, играчки…но дали и колку ќе имаат работа оваа година останува да се види.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 4 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски