Поврзи се со нас

Вести

НАЈЧИТАНИ ВО 2021: На хирургија во Гостивар успешно извршена сложена операција на тироидна жлезда

Објавено

на

На крајот сме од оваа 2021 година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид). 

Деновиве, целосно ги реобјавуваме 10-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…


Објавено на: на Ное 17, 2021

Во новото хируршко одделение на гостиварската општа болница „Д-р Ферид Мурад“ успешно е извршена сложена операција на тироидната жлезда кај пациентка.

„Имаме чест и задоволство да ги информираме граѓаните дека денеска за прв пат после долги години е извршена операција на тироидната жлезда (речиси тотална тироидектомија). Пациентот имаше зголемена тироидна жлезда (dg.Struma nodosa euthyreotica per magna) придружена со стеноза (стеснување) и дислокација на душникот. По интервенцијата, пациентот е хоспитализиран на Хируршкото одделение и е во стабилна состојба. Интервенцијата беше организирана и изведена од д-р Бесник Мустафаи, директорот на болницата Др. Јакуп Јакупи и д-р Аднан Врајнко. Шефот на хируршкото одделение д-р Фатмир Капроли се заблагодари на директорот на болницата и на целиот медицински персонал кој учествуваше во операцијата, и истакна дека е горд што оваа интервенција била успешна и оваа услуга ќе продолжи да се врши во иднина.“, соопштија од болницата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена