Поврзи се со нас

Гостивар

Најчитаните Топ 5 вести во 2024 година на Gostivarpress.mk

Како што 2024 годината се приближува кон својот крај, време е да се осврнеме на најчитаните и најинтересните приказни (без хроника) кои го привлекоа вниманието на нашите читатели од 1 јануари до денес.

Објавено

на

    Еве ги топ 5 вести за 2024 година, кои заслужено се истакнаа:

     

    На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

    Објавено на 15.03.2024

    Пазарниот вторник секогаш е интересна тема за граѓаните на Гостивар, особено кога се носат позитивни вести. Намалувањето на цените на пазарот во Гостивар и богатиот избор на производи беа причина оваа сторија да се најде меѓу најчитаните во годината.

    Колку долго трае еден акумулатор, зошто откажува и како да трае подолго?

    Објавено на 05.10.2024

    Техничките совети од рубриката Магазин секогаш наоѓаат широка публика, особено кога се практични и применливи. Оваа корисна статија за тоа колку трае еден акумулатор и на наше изненадување привлече огромен број читатели.

    Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

    Објавено на 10.07.2024

    Промените на раководни позиции секогаш будат интерес кај публиката. Изборот на Гоце Димовски за директор на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони предизвика читателски интерес, ставајќи ја оваа вест меѓу најчитаните во 2024.

    Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

    Објавено на 12.09.2024

    Најавата за видео интервјуто со д-р Стојо Бошкоски е една од најпосетуваните содржини на нашата веб-страница во оваа 2024 година. Д-р Бошкоски со својот отворен и инспиративен разговор ги освои и читателите и гледачите.

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност

    Објавено на 05.11.2024

    Оваа објава технички не е со најголем број на посети, но сторијата е на прво место затоа што од сите 3.800 емитувани објави оваа година најмногу го задржа вниманието на читателите. Според аналитиката, посетителите поминале најмногу време задржувајќи се на фоторепортажата – во просек 12 минути и 11 секунди ( вкупно: 557 часа, 35 минути и 26 секунди) поминати на Gostivarpress.mk, уживајќи во приказната исполнета со легенди, мистични предели и природна убавина под Кораб, што е највисоко од сите објави во 2024 година.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена