Здравје и убавина
Најефикасните природни лекови против болки во грбот и кичмата

Секој возрасен човек најмалку еднаш во животот почувствувал болки во грбот и кичмата. Оние пак, кои редовно страдаат од нив знаат колку може да бидат незгодни и да го нарушат нормалното секодјневно функционирање.
Во природата има лек за се`, па и за ублажување или целосно отстранување на болки во грбот. Еве со што и на кој начин можете да си помогнете.
Глината е еден од најдобрите природни лекови против болки во грбот и кичмата, а делува и на зглобовите. Богата е со минерални соли, калиум, натриум, железо, магнезиум. Од неа може да си направите облога на следниот едноставен начин: замесете ја (количина колку што ви е потребно за да се покрие делот кадешто ве боли) како тесто со малку вода и јаболков оцет, па на крај додадете малку семе од коприва. Така подготвена ставете ја во тенка газа. Местото треба најпрвин да се премачка со малку маслиново масло, па потоа да се нанесе облогата. За добар ефект, потребно е постапката да ја правите седум дена, најдобро облогата да ви стои преку ноќта.
Компир и кромид во комбинација се одличен сојузник во борбата против болки. Компирот ги ослободува и релаксира мускулите и има дејство да ја задржува топлината таму кадешто се нанесува. Кромидот пак поттикнува циркулација. Како да ги користите? Треба ситно да се изрендат, убаво да се измешаат и да им се додаде малку сол. Од смесата се нанесува на болното место, се покрива со тенка газа и се остава облогата да стои преку вечерта.
Лукот исто така, во овој случај може да биде ефикасен лек. Пропржете десет чешниња лук во малку маслиново масло и откако ќе се изладат користете ги како облога. Се препорачува ваквата терапија да трае еден месец, со тоа што облогите треба да стојат по три часа дневно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите