Вести
„Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерното образование во младоста“
Денешниот датум, 5 октомври светот им го посветува на просветните работници. Светскиот ден на учителите е прогласен од УНЕСКО во 1993 година, а во Македонија се одбележува од 1994 година. Во Интернационалата за образование членуваат над 160 земји и над 22 милиони просветни работници.
По повод денот, честитка до наставниците упати министерката за образование, Рената Дескоска. Во неа се вели: „Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, а нашата земја заслужува успешна иднина. Затоа, се надеваме дека блиската соработка со Вас ќе продолжи и во иднина, за заедно, тимски, да ја оствариме благородната мисија за образување на младите. Сакам да искажам неизмерна благодарност до сите просветни работници за сета лична заложба, изразена креативност, жртва и посветеност кон создавањето на нови генерации кои ќе ја градат иднината на оваа држава. Нека е честит 5 октомври, Меѓународниот ден на наставниците!“
За големата улога и значењето на просветните работници може многу да се зборува, но ние ќе се обидеме тоа да го доловиме преку неколку мудри мисли:
„Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерното образование во младоста.“ – Еразмо
„Учителот не предава тоа што сака, не предава тоа што знае, туку предава тоа што е.“ – непознат автор
„Најдобрите учители се воедно и најсложените учители: тие од учениците бараат размислување“ – Вилијам Гласер
„Погрешно образованото дете е изгубено дете.“ – Џон Ф. Кенеди
„Образованието е подобар чувар на слободата од војската.“ – Едвард Еверет
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди