Поврзи се со нас

Занимливости

Најлегендарните и највлијателни модели на моторцикли на сите времиња

Историјата на транспортот на две тркала е побогата отколу што можете да замислите, исполнета со приказни, ликови, платформи кои помогнаа во изгледот и на моторциклот и на оваа индустрија како што ја знаеме денес. Без разлика дали само како љубител на превозот на две тркала, или авантурист и уживател на подигнат адреналин, треба да ги познавате протагонистите во создавањето на историјата на овој начин на превоз, т.е. моторциклот.

Ќе се обидеме да ви ги претставиме најлегендарните модели на моторцикли кои оставија длабока трага во неговото создавање и постоење.


Стандардни модели – Едноставност и ефикасност

Стандардните модели се алфа и омега во создавањето на моторциклот, неговото производство, популарност, пазарна цена и ред друго. Оваа платформа ѝ служеше на мото заедницата во секој нејзин аспект, од тркачки па сѐ до урбан карактер и креативен израз на овие модели давајќи илустрација на страста кон машините на две тркала.

BMW R100

BMW е значаен фактор во мото-индустријата. Моделот R100 и неговиот дво-цилиндричен мотор со 980cc е основа за T, S, CS, RS, RS Classic, RT, RT Classic, TIC, R и GS сериите на овој бренд. Вистинското признание доаѓа од неговата конструкција, тоа е првиот модел со стандардна рамка, која го направи претходник на денешните модерни Спорт Туринг моторцикли.

HARLEY – DAVIDSON XR750

harley-davidson xr750 1970 3d model

Harley-Davidson носи белег на наследство и традиција. Може да се пофали со богата историја како една од најважните компании во мото-индустријата. XR750 кој во 1970 година го виде светлото на денот, скоро четири децении помагаше да се дефинира овој американски мото-бренд. Избран за модел кој ќе го претставува Harley-Davidson во AMA Grand National Championship и ќе однесе најмногу победи од било кој друг моторцикл во историјата на американската мото асоцијација, но не пред да стане икона на мото заедницата возејќи го тркачи како Кал Рејборн, Џеј Спрингстин и познатиот каскадер Ивл Канивл.

HONDA CB750

No Reserve: 1978 Honda CB750-K Four for sale on BaT Auctions ...

Honda CB750 e еден од најлегендарните модели некогаш произведени. Можеби изгледот на основниот модел и не е баш најубав за гледање, но неговата платформа го прави еден од најатрактивните за костимизација и ремоделирање во дизајни од соништата. Оваа иконска креација на Honda е добитник на моногу престижни нагрди, вметнат е во листата на Дисковери “Greatest Motorbikes Ever”, британскиот музеј за мотори и во AMA Hall of fame: Classic Bikes.

KAWASAKI W800

Kawasaki W800

Можеби не толку популарен како останатите модели, Kawasaki w800 со неговата побаравачка во денешно време поради која компанијата, повторно го воведе неговото производство во 2019 година, го сврстува на листата како влијателен модел во мото-индустријата. Неговиот мотор од 48 коњски сили, возењето го претвора во вистинско уживање на љубителите на удобно и неагресивно возење.

NORTON COMMANDO

One Owner – 1972 Norton Commando 750 Combat Roadster | Bike-urious

Norton има долга и богата историја во полето на моторциклизмот, а моделот Commando е една од платформите која одигра голема улога за позицијата која што ја има денес. Менувајќи ја силата на моторот во 60-те и 70-те оваа иконска платформа на британската компанија предизвика огромно задоволство кај ентузијастите и љубителите на превозот на две тркала. Во првите десет години од производството беше прогласуван за машина на годината од 1968 до 1972 година и го зацврсти своето место кај љубителите на старомоден и класичен дизајн.

ROYAL ENFIELD CONTINENTAL GT

Neumotorrad: Royal Enfield Continental GT 650 Ice Queen (Weiß/Grau ...

Royal Enfield е познат по богатото наследство што го носи, а како еден од најголемите поддржувачи на модерното Cafe-racing движење, компанијата продолжи да ја негува оваа платформа која е омилена кај оние кои сакаат да го прилагодуваат изгледот на моторциклот во свој стил. Continental GT можеби е најважната едиција за ремоделирање на моторциклот во cafe-racing стил, каде што ја постигнува највисоката точка на популарност. Неговиот изглед, агилната силуета, позицијата на тркалата укажуваат на дизајнот кој е создаден за cafe-racer, а модерните додатоци како “Brembo“ сопирачки, “Paoli“ задни амортизери, го градат неговиот интегритет.

TRIUMPH BONNEVILLE

File:Triumph Bonneville T100 (2011).jpg - Wikimedia Commons

На Triumph не му треба посебно претставување, а најважно е што името Bonneville одѕвонува одново и одново кај љубителите на моторциклот. Неговите корени водат дури до 1959-та година и омилен е меѓу модерните возачи кои бараат вкус и префинетост во мотрциклистичкото минато и престиж. Оригинално, создаден е од Triumph Engineering во Мериден, Англија, произведуван од 1959 до 1983, па од 1985 до 1988, за повторно да се врати на произведувачката лента во последнава деценија.

YAMAHA VIRAGO

Yamaha XV535 Virago (1989-95) - MotorcycleSpecifications.com

Yamaha Virago е моторцикл со атрактивен изглед, кој како прв модел на компанијата со V-Twin мотор, веднаш си го најде своето место меѓу легендите. Уште од неговото појавување во 1981 година компанијата ја препозна неговата популарност нудејќи уште две варијанти од овој модел. Неговата популарност во Северна Америка достигна ниво од кое дури и големиот Harley-Davidson почна да се плаши од губењето на позицијата која ја имаше на американскиот пазар.

MOTO GUZZI V7

Moto Guzzi V7 III Limited - Moto Guzzi

Улогата на италијанските производители на моторцикли и нејзината историја е позната ширум светот. Но честа на легендарни модели во стандардниот сегмент ја брани Moto Guzzi V7. Неговиот уникатен дизајн и позиционирање на V-Twin Моторот, поставен на 90 степени од рамката, дизајниран од брилијантниот инжинер Giulio Cesare Carcano, кој е одговорен и за создавањето на спортската варијанта на FIAT 500. Во текот на годините, преку многуте варијанти како V7 – 700, 750, Ambasador, California, Sport, Stone го трасираше патот до успехот и легендите.

HARLEY-DAVIDSON SPORTSTER

Harley Davidson Iron 833 - My bike, with modifications of course ...

Еден од најлегендарните модели на сите времиња, буквално синоним за моторцикл. Од неговото деби во јавноста во 1957-ма година па сѐ до денес ги освојува најголемите па и оние другите вљубеници во превозот на две тркала. Менувајќи го својот облик во текот на годините, но непреминувајќи преку сопствениот идентитет, одново и одново ја освојува моторциклистичката заедница со сиот свој сјај. Иако сеуште го нема кажано последниот збор, веројатно, има доволно кажано, оставајќи свој печат и обликувајќи ја мото индустријата низ годините. Повторно инпресионира со најновите Sportster – Forty Eight, Iron 883, Iron 1200 i Roadster.


Спортски модели – Брзина и сила

Спортските модели на моторцилкли се чистокрвноста на светскиот моторциклизам, силувајќи “лудо“ моќни машини, со луди карактеристики за управување и ракување и упорен принцип кон усовршување на дизајнот кој не може да се спореди со ниту една друга платформа. Оваа платформа е создадена, пред сѐ за брзина, а само малку модели на нашата листа ги горат гумите на светски познатите тркачки патеки, самото тоа укажува дека “перформанс“ е името на играта кога се во прашање овие спортски, одлично градени машини.

BIMOTA TESI 3D

Bimota Tesi : Latest News, Reviews, Specifications, Prices, Photos ...

Tesi 3D моделот на Bimota можеби не толку познато име, но тоа не знчи дека егзотичниот модел е помалку возбудувачки. Неговиот уникатен и модернистички дизајн го прави единствен во модерниот свет на моторциклизмот. Подобрената способност за маневрирање при големи брзини со помош на неколку прототип инжинерски решенија се карактеристични за Tesi 3D. Но само поради незаблескувањето на временската аура во смисол на тестирана и проверена машина, не значи и дека не е добра, всушност на секоја форма на иновација ѝ треба време за привлекување внимание.

BUELL XB12R

2004 Buell XB12R Firebolt Review on Countersteer

XB12R Firebolt е совршен пример за модерно инжинерство споено со класични дизајнерски терминологии. Претставен е во 2003-та како еден од најпрвите “street fighter“ варијанти кој го привлече вниманието на мото-заедницата. Високотехничка алуминиумска рамка, прецизни управувачки компоненти и бројни атрибути на оваа платформа, го прават Buell XB12R респектабилен конкурент помеѓу големи моторциклистички платформи.

DUCATI 916

Ducati 916 【 Modern Classic 】Buyers Guide

Ниедна листа на легендарни модели на моторцикли не може да помине без Ducati, секако, бидејќи тоа е најпочитуваниот бренд и произведувач на моторцикли на светот, а секако имаат и свои легендарни модели. 916-ката е божевство од моторцикл, потполно огнена машина, спортист со огромен број на обожаватели и следбеници низ годините, со единствена убавина и естетика својствена за италијаните исто толку и моќен. Со неговите 916cc, V-Twin мотор, лесна рамка, покрај неговата убавина, на Ducati му донесе 34 различни победи од 1994 до 1998 година, што го внесе во аналите на спортската “supеrbike“ историја.

DUCATI 999R

999R на Ducati е најважната еволуција 916-ката разработувајќи ги најдобрите аспекти на дукатиевите 998, 996 и 916 опфаќајќи ги во еден доминантен пакет 999R, кој беше претставен во 2003, а неговото производство траеше 3 години. Ducati со овој модел има учествувано на многубројни “superbike“ натпреварувња доминирајќи во многу од нив и пркосејќи им на критиките за неговиот дизајн кој го докажа спротивното. Неговата дизајнерска ориентација и понатаму е меѓу најдобрите во светот. Неговите перформанси изразени преку неговиот L Twin Desmodromic Valve мотор, неговата шасија и суспензија го направија еден од најпрецизните моторцикли во своето време, втемелувајќи го 999R како еден од најдобрите на сите времиња.

HONDA CBR900RR

Honda CBR900RR Fireblade

HONDA CBR900RR е веќе подолго време меѓу обожавателите на спортските моторцикли и додека CBR линијата на Honda не доби ништо друго освен пофалби од мото заедницата, оваа иконска варијанта се издигна на врвот од другите модели од CBR серијата. Во одредени кругови познат и како FireBlade, овој модел своето деби го имаше во 1992 година, со неговиот монструозен мотор, екстремно лесен, покажа извонредни перформанси. Во 1996 Honda одлучи да ја ревидира шасијата и суспензијата на овој модел, трасирајќи го патот до врвот, сѐ додека после скоро една деценија не беше заменет со помоќниот Honda CBR1000RR.

KAWASAKI NINJA 250R

KAWASAKI NINJA 250R не е најсиниот или најмоќниот спортски моторцикл на нашава листа, но со искуство и наследство кое датира дури од 1986-та година, генерациски ја оформува оваа индустрија неколку децении. Тогаш претставен како врвен модел за преминување во спортскиот сегмент, стана омилен кај повеќе генерации возачи кои сакаа да влезат во спортскиот и моќен на моторциклизам. Служеше како “порта“ за влез во светот на две тркала. Со неговите суптилни 249 кубици, водено ладење, сместен некаде помеѓу стандард и спорт моторцикли и неговите стилски надградби, помогнаа де се дефинира транзицијата на оваа индустрија во спортски силуети. Во текот на неговото постоење беше три пати ревидиран, во 2008 доби значителна надградба, а денес, сѐ уште е во производство благодарение на сериозно посветената фан-база на Kawasaki.

MOTO GUZZI LEMANS

Moto Guzzi 850 Le Mans Mark 1

Овој модел на италијанскиот производител, вниманието на јавноста го сврте во 1976-та година претставен како амбициозен проект на компанијата за една од најтешките трки во светот “24 LeMans“. Направен во стил на cafe-racer, меѓу првите со маскиран нос како дел од дизајнот. Во текот на својата тркачка кариера, овој модел на Moto Guzzi ќе ѝ помогне на компанијата во својот технолошки напредок и иновативност. Скоро целиот свој век го помина натпреварувајќи се со ѕверки како Laverda и Ducati пред да излезе од производство некаде во деведесетите.

SUZUKI GSX-R750

Suzuki GSX-R 750 (2003) - MotorcycleSpecifications.com

Suzuki GSX-R750 е еден од најлегендарните модели на компанијата. Покрај неговата ориентација кон моќност и атрактивност, служеше и во дефинирањето на амбициозната иднина на Suzuki во мото-спортот. Претставен во 1984-та година и замислен како тркачка реплика тому за обожавателите на тркачките модели кој ќе излезе на пазарот. Не само со карактеристики на моќна и прецизна платформа со фокус за секојдневно користење на патиштата, туку и им овозможи на возачите совршен модел за модификација, викенд трки, излети на тркачките патеки, делувајќи како еден од основните катализатори за подем на “sportbike“ културата ширум светот. Неговиот легендарен статус во светот на моторциклизмот и неговото производство нѐ следат повеќе од три децении.

YAMAHA R7

Classic or crusher? Yamaha YZF-R7 OW02 | MCN

Yamaha R7 ја носи титулата како еден од највлијателните тркачки моторцикли во светот. Покрај неговото ограничено производство на само 500 единици, оваа платфорама на Yamaha остави свој белег во мото индустријата со нејзината револуционерна, спортски ориентирана имплементација. R7 првично беше дизајниран за “Superbike” светскиот шампионат и трката на издржливост Сузука 8 часа, овозможувајќи интересни трки со стил на патеката. Како еден од првите хомологирани моторцикли кој излезе на пазарот, еден негов примерок беше понуден на продажба за неверојатни 32.000 долари во 1999-та година.


Класик модели – Бензин и страст

Светот на моторциклите не би бил таму каде што е денес без безвременските класици. Овие платформи ги изрезбаа своите имиња во аналите на мото-историјата како први од својатата врста – селекција на цврстина, моќ, убавина, култ, мотори кои континуирано го инпресионираат стравствениот вљубеник во моторциклот. Од BMW и Harley – Davidson, па сѐ до Indian и Moto Guzzi, овие иконски машини имаат специјално место во срца на моторџиите како најоригинални моторцикли на сите времиња.

BMW R32

BMW R32 - Wikipedia

R32 e легендарен на свој посебен начин. Тоа е првиот модел кој се појавува под називот BMW. Доаѓа во време кога компанијата бара успешен начин на транзиција од производство на мотори за авиони. За првпат се појавува во 1923-та година кога тргнува во производство со редизајниран M2B33 мотор, по неколку неуспешни претходни мотори, со 8,5 коњски сили и максимална брзина од 80 km/h.

BROUGH SUPERIOR SS100

A Brough Superior SS100 surfaces in deepest Russia | Vintage ...

Superior SS100 е дизајниран и направен уште во 1924-та година и презентиран како модел со иновативни решенија и доста модерен за своето време. Секој примерок бил скроен според потребите на клиентите. До 1925-та произведени се само 69 примероци. Маркетингшки претствен како “Ролс Ројс кај моторциклите“ Brough Superior SS100 беше катапултиран во својата популарност како еден од најсигурните моторцикли во својата ера.

HARLEY-DAVIDSON WL(A)

1941 Harley-Davidson WLA Military for sale #2395775 - Hemmings ...

Harley-Davidson WLA своето претставување го има како сеопфатна машина за американската армија во периодот на втората светска војна. За разлика од својот цивилен близнак WL, WLA бил опремен со еден куп решенија за поголема издржливост во екстремни услови за време на војна, да носи потежок товар како на пример сандаци со муниција, да издржи многу прашина и валкање. Со самото тоа си го обезбеди местото помеѓу легендите.

HONDA CR250 ELSINORE

1973 Honda CR250 Elsinore MX | The Owen Collection

CR250 Elsinore на Honda своето деби го имал во 1973-та година и блесна на сцената како една од првите “scrambler” платформи. Оргинално произведен со двотактен, едноцилиндричен мотор, многу лесен што го прави одличен избор за клиенти во руралните (и урбаните) средини од Јапонија. Овој модел е всушност еден од првите мотокрос тркачки модели на Honda тестиран на мотокрос патеки во Јапонија и Калифорнија. Неговата хромирана рамка и пластични браници станаа заштитни карактеристики за CR кои имаат рефлекции сѐ до денес.

INDIAN CHIEF

5 Minute Histories: The Indian Chief

Indian Chief е, без сомнение, еден од најпознатите модели на нашата листа со иконски статус, а денес се смета за најпрепознтлива платформа на овој бренд. За прв пат се појавува 1922-ра година, служеше како примарна платформа фокусирана кон потрошувачите. Додека неговиот брат Scout збогатен со поголема агилност, Chief остана голем фаворит на компанијата. По втората светска војна беше вратен во производство и продолжи да го дефинира патот како предводник на Indian како бренд се до неговото излегување од производствените ленти во 1953-та година, но не пред да го остави својот белег во светот на моторциклизмот како една од најлегендарните иконски платформи на сите времиња.

MOTO GUZZI V8

moto guzzi 500 V8 protar 1/9 | レーシングバイク, モトグッツィ ...

Moto Guzzi V8 е класична варијанта дизајнирана од реномираниот инженер Giulio Cesare Carcano за тркачки потфати на компанијата. Во 1955-та година моторциклот го почна своето производство и го имаше своето деби како репрезент на престојното Гран При за што и се користел како примарна платформа на компанијата сѐ до 1957-ма година. Неговиот 500cc, V8 мотор со водено ладење, 8 цилиндри врз кои имало по еден карбуратор посебно, го смести како револуционерен во инженерството за тоа време. V8, потикна многу пофалби и воодушевување за неговиот уникатен дизајн, прекрасен изглед и легендарно, иконско педигре.

ROYAL ENFIELD BULLET

1951 Royal Enfield Royal Bullet | Royal enfield bullet

Royal Enfield Bullet е еден од најформативните моторцикли во минатиот век, кој може да се пофали со четворотактен мотор со еден цилиндер кој пак стана една од најпознатите инплементации на производителот. Иако моделот е непобитен класик, неговиот придонес е огромен во светот на моторциклиззмот. Влегувајќи во производство во 1948-ма година, Bullet се произведува до ден денес, со што му припаѓа титулата на најдолго произведуван модел на сите времиња, односно може да се пофали со над 70 години континуирано производство.

TRIUMPH SPEED TWIN

Bonhams : 1938 Triumph 500cc 5T Speed Twin Engine no. 8-5T 9926

Triumph Speed Twin почна да се произведува во стариот погон во Ковентри пред производството да се префрли во многу попознатиот и култен погон во Мериден. Моторциклот беше пуштен во производство во 1937-ма година од главниот дизајнер Edward Turner и беше претставен со неговиот 500cc OHV V-Twin мотор кој беше апсолутен хит за неговото време. Speed Twin е еден од првите британски модели со успех на пазарот во првата четвртина од минатиот век. После втората светска војна Speed Twin имаше огромен придонес за опстанокот на Triumph додека марката се враќаше во цивилното производство.

VINCENT BLACK SHADOW

1949 Vincent Black Shadow | F180 | Las Vegas Motorcycle 2017

Vincent Black Shadow е прекрасен ѕвер, произведен во фабриката во Стивенеjџ, Англија во 1948-ма година. Не само што беше моторцикл забележан по неговиот еволутивен дизајн, туку можеше да се пофали и со неколку амбициозни инжинерски потфати, истовремено задржувајќи го воодушевувачкиот изглед како еден од најубавите во неговото време. Додека компанијата ја рекламираше својата претходна платформа Rapide како еден од најбрзите модели во светот, Black Shadow ќе ја преземе неговата позиција постигнувајќи максимални 200 km/h. Овој модел ќе остане во производство сѐ до 1955-та година кога Vincent ќе ги затвори вратите за секакво производство кога се во прашање моторциклите.


Веројатно еден ваков текст не може да помине, а да не се споменат двете најпопуларни, најлегендарни, најбарани и најпродавани платформи во истриjата на моторциклите Honda Super Cub и Piagio Vespa.

1958 - 1967 Honda Super CubSold: Vespa Super 150 Scooter Auctions - Lot 18 - Shannons

Мопеди со над 200 милиони продадени единици, мопеди кои го носат товарот на обичниот човек, филмските ѕвезди, револуцинерните и субкултурни движења и сеуште блеснуваат со сиот свој сјај на производствените ленти во фабриките на своите брендови и мопеди кои со сигрност и самоувереност ја пишуваат најсветлата историја на мото-индустријата.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали сте задоволни од понудените мерки на Владата, за справување со економската криза?

Резултати од анкетата

Гостиварпред 17 минути

Прес на СДСМ Гостивар: Може да се организираат 100% сигурни избори за граѓаните и за нивното здравје

Гостиварпред 1 час

Сириски мигрант приведен во Горно Јеловце

Гостиварпред 3 часа

Хронично болните и родителите на мали деца остануваат ослободени, за сите други нема да важат работа од дома и ротации

Здравје и убавинапред 4 часа

Шампионски старт на денот во три варијанти

Македонијапред 18 часа

Одлука на Влада: Нема веќе полициски час, кафеаните се отвораат од четврток

Гостиварпред 18 часа

Дали официјално ќе има прекин на забраната за движење? Од 19 часот (ВО ЖИВО) прес на Техничкиот премиер Оливер Спасовски и Венко Филипче

Гостиварпред 21 час

Во Гостивар распределени над 130 хуманитарни пакети за жртви на насилство, лица без документација и социјалци

Гостиварпред 23 часа

Таравари: За Гостивар се потребни најмалку 1.000 тестови и скрининг на медицинарите

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!