Вести
Најлуди суеверија ширум светот

Најдобрите искуства од патувањата ќе ги понесете, само кога запознавајќи се со културата, ќе се запознаете и со локалните обичаи, ритуалите, но и суеверијата (верување во натприродни сили).
Во продолжетокот на текстот, прочитајте што треба да знаете за државата, пред да ја посетите.
Индија
Во Индија, никако не смеете да викнете некој, кој веќе излегол од куќата, во случај ако сте заборавиле нешто да му кажете. Се верува дека така можете да му донесете лоша среќа, па се што имате да кажете, треба да биде пред да излезе од куќата.
Италија
Италијаните, најчесто јужнаците, важат за суеверена нација. Многу Италијани веруваат дека бројот 17 е анаграм, (загатка, што се добива со обратно читање или со преместување на буквите и слоговите), за VIXI, што значи „живеев“, симболичен начин за да се предвиди смртта. Затоа нашите државите преку Јадранот, избегнуваат да патуваат на датумот 17, во било кој месец од годината и се плашат од овој број.
Кина
За Кинезите бројот, којшто треба да се избегнува е 4. На многу згради избегнуваат да изградат четврти кат, па така лифтот од трети, веднаш ќе ве однесе на петти кат.
Русија
Русите имаат еден обичен обичај, со тоа што пред патување седнуваат на куфер, бидејќи тоа им носи среќа во наредниот период.
Норвешка
Клетвите се вообичаено лоша работа, но тоа мислење не го делат Норвежаните. Просечен Норвежанец, кој вели „тви, тви“, фрла „клетва“, со која ви посакува да стигнете безбедни до дома и да ви се случуваат само добри работи.
Велика Британија
Во САД, црните мачки, кои ја преминуваат улицата се избегнуваат, а во Велика Британија е вистинска среќа, доколку црна мачка го премине патот пред вас.
Романија
Романците сметаат дека, доколку не излезете од истата врата низ која сте влегле, тоа носи лоша среќа.
Португалија
Луѓето во Португалија не сакаат да се движат наназад. Ретко можете да видите некој од оваа земја да ги изведува познатите танцовни движења „одот по месечина (Moon Walk). Одењето на наназад се смета за „повикување на ѓаволот на вашиот пат.“
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја