Поврзи се со нас

Занимливости

Најмалиот автомобил на светот чини 11.700 евра

Објавено

на

„Пил П50“ е „екстремно мал“ автомобил којшто на многумина веројатно им е познат од автомобилската емисија „Топ гир“ на Џереми Кларксон.

Со должина од 137 сантиметри и ширина од 99 цм, овој автомобил е без конкуренција по малите димензии. Замислено како најмалото можно моторизирано возило што може да превезува едно лице и една торба, не доживеа успех на пазарот. Беа произведени само 47 примероци, а се вели дека само 30 останале цели до денес. Има повеќе понуди и верзии на овој „минијатурен“ автомобил,  но цената почнува од 10.379 фунти, односно 11.700 евра, нагоре. Тоа, според познавачите, не е малку, но објаснувањето е доста интересно.

Има и Турбо-верзија со помоќен погон од 5,76 киловати што ја зголемува максималната брзина од 50 на 80 км/ч. Тука е и верзијата со бензински мотор со волумен од 49 – 125 кубика.

Оригиналната верзија имаше едноцилиндричен мотор со зафатнина од 50 кубни сантиметри, поврзан со менувач со три брзини, но без рикверц, така што можеше да се сврти наназад само ако излезете од автомобилот, го подигнете задниот дел и го свртите за 180 степени. Според наводите, сите примероци биле наменети за жителите на Островот Мен.

За склопување на вакво возило потребни се основни алатки и не повеќе од 50 часа работа. Ако сакате готов автомобил, цената е значително повисока – 15.700 евра.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена