Вести
Најмалку 35 повредени во земјотрес во Турција
Силен земјотрес утрово ја погоди северозападната турска провинција Дузче во кој се повредени 35 луѓе, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Тој на Твитер напиша дека вкупно 32 лица се повредени во Дузче, каде бил епицентарот на земјотресот, а три лица се повредени и во провинциите Истанбул, Болу и Зонгулдак.
Коџа додаде дека еден од повредените во Дузче е во критична состојба.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузче веднаш по земјотресот, рече дека нема жртви.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил областа Гољака, се случил во 4:08 часот наутро.
Како што пренесе Анадолија, земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километри.
По земјотресот, регистрирани се вкупно 18 последователни потреси. Во регионот како мерка на претпазливост се воведуваат прекини на струја, соопшти АФАД.
Гувернерот на Дузче Џевдет Атај најави дека училиштата денеска ќе бидат затворени поради земјотресот.
Во 1999 година, провинцијата Дузче беше погодена од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер, кој траеше 30 секунди, во кој загинаа 710 луѓе, а беа повредени 2.679 лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија