Поврзи се со нас

Вести

Најмалку 35 повредени во земјотрес во Турција

Објавено

на

Силен земјотрес утрово ја погоди северозападната турска провинција Дузче во кој се повредени 35 луѓе, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тој на Твитер напиша дека вкупно 32 лица се повредени во Дузче, каде бил епицентарот на земјотресот, а три лица се повредени и во провинциите Истанбул, Болу и Зонгулдак.

Коџа додаде дека еден од повредените во Дузче е во критична состојба.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузче веднаш по земјотресот, рече дека нема жртви.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил областа Гољака, се случил во 4:08 часот наутро.

Како што пренесе Анадолија, земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километри.

По земјотресот, регистрирани се вкупно 18 последователни потреси. Во регионот како мерка на претпазливост се воведуваат прекини на струја, соопшти АФАД.

Гувернерот на Дузче Џевдет Атај најави дека училиштата денеска ќе бидат затворени поради земјотресот.

Во 1999 година, провинцијата Дузче беше погодена од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер, кој траеше 30 секунди, во кој загинаа 710 луѓе, а беа повредени 2.679 лица.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена