Поврзи се со нас

Вести

Најмалку 8 повредени по новиот земјотрес во Турција, урнати згради и лица затрупани под урнатини

Објавено

на

Најмалку осум лица се повредени во земјотресот што вечерва ја погоди турската провинција Хатај, потврди турскиот потпретседател Фуат Октај, јави агенцијата Анадолија. Градоначалникот на Хатај изјави дека под урнатините има затрупани лица, јави Би-Би-Си.

Сириската новинска агенција САНА објави дека во Алепо има шест повредени лица при уривање на веќе оштетени згради.

Вечерва беше регистриран нов земјотрес со јачина од 6,4 степени, во покраината Хатај, што  беше тешко погодена од силниот земјотрес пред две недели во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе во Турција и Сирија.

Анадолија соопшти дека Агенција за управување со катастрофи Афад, наведува дека епицентарот на земјотресот е во градот Дефне во провинцијата Хатај, а се случил во 20:04 часот по локално време (18:04 часот по средноевропско време).

Земјотресот беше силно почувствуван во Антиохија и Адана, 200 километри северно од епицентарот. Турската телевизија НТВ јави дека некои оштетени згради се урнале поради земјотресот.

Досега речиси 45.000 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7, 7 степени според Рихтеровата скала што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија.

Турските власти оттогаш регистрираа повеќе од 6.000 последователни потреси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 2 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена