Поврзи се со нас

Вести

Најмалку двајца загинати во ураганот „Милтон“ на Флорида, два милиони луѓе без струја

Објавено

на

    Најмалку две лица загинаа во округот Сент Луси на брегот на Атлантикот на Флорида, изјави шерифот на округот, Кит Пирсон. Тој процени дека повеќе од 100 домови во округот се уништени од ураганот „Милтон“, објави Ен-Би-Си Њуз.

    Претседателот Џозеф Бајден го повика населението на Флорида да се евакуира. Локалните власти и членовите на Националната гарда на Флорида им помагаат на погодените од ураганот.

    На Флорида повеќе од два милиони луѓе останаа без струја поради ураганот. Канцелариите на Националната метеоролошка служба на Флорида издадоа повеќе од 130 предупредувања за торнадо од синоќа. Експертите велат дека појавата на торнада пред и за време на ураганите не е невообичаена, но дека моќта на торнадата може да биде силна. Флорида има повеќе торнада на квадратен километар од која било друга држава.

    Речиси 100.000 луѓе беа сместени во центрите за евакуација низ Флорида синоќа, изјави извршниот директор на Одделот за управување со вонредни состојби на Флорида, Кевин Гатри. Тој додаде дека вчера попладне имало околу 220.000 легла.

    Службите за итни случаи беа суспендирани во Тампа поради ураганот, изјави началникот на противпожарната служба Барбара Трип за Си-Ен-Ен. Таа додаде дека најмалку 400.000 луѓе се без струја во Тампа.

    Вселенскиот центар Кенеди, кој се наоѓа на источниот брег на Флорида, е затворен поради ураганот „Милтон“, потврди НАСА.

    „Центарот Кенеди сега е затворен, освен персоналот за одговор при итни случаи. Прогласен е статус на HURCON 1, се вели во соопштението“, според Си-Ен-Ен.

    НАСА и американската војска ја користат ознаката HURCON за нивото на подготвеност за итни случаи пред пристигнувањето на ураганот, а условите за HURCON 1 обично се прогласуваат 12 часа пред пристигнувањето на ураганот. Суштинските тимови вклучуваат персонал на НАСА кој мора да остане во кампусот на вселенската агенција за да ги поддржи критичните тековни мисии, вклучително и контролата на мисијата за Меѓународната вселенска станица.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 44 минути

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 2 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 4 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 18 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 19 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена