Гостивар
Најмногу дожд во Маврови Анови и Тетово, врнежите продолжуваат
Времето во текот на ноќва и утрово е облачно со локални врнежи од дожд. Претежно долж Повардарието дува умерен ветер од северен правец. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.
Наместа, посочуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени Целзиусови.
Како што информира УХМР, во изминатото деноноќие најмногу дожд 35 литри на квадратен метар наврна во Маврови Анови, 24 во Тетово и Попова Шапка, 22 во Претор и Крушево, 21 во Прилеп, 20 во Куманово, 16 во Крива Паланка и Демир Капија, 14 во Скопје кај Петровец, 13 во Охрид, 10 во Дебар, девет во Пожаране, шест во Виница, пет во Тополчани, четири во Штип, три во Струмица и Ѓуриште, два во Скопје кај Зајчев Рид и Битола, и по еден литар на квадратен метар во Берово и Лазарополе.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди