Поврзи се со нас

Гостивар

Најмногу снег во Маврови Анови, најстудено на Шапка

Објавено

на

    Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час. Денес времето е сончево со мала до умерена локална облачност.

    Најстудено беше на Попова Шапка кае е измерена температура од – 7 степени Целзиусови по што следат Крушево со – 5 и Маврови Анови со – 4, – 3 степени се измерени во Берово, -2 во Петровец, Штип и Виница, -1 во Скопје кај Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 0 во Демир Капија, Претор и Прилеп, 1 во Кавадарци и Велес, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 2 степена Целзиусови.

    Најмногу дожд 5 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Тополчани, 4 во Пожар и 1 во Крива Паланка, а највисока снежна покривка од 59 сантиметри има во Маврови Анови, 54 сантиметри се измерени на Попова Шапка, 24 во Крушево и 2 во Тетово.

    Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена