Гостивар
Најнепосакуваното место на светот – Затворот „Црниот делфин“ во Русија

Во длабоката внатрешност на Русија, на 1.480 километри југоисточно од Москва, во областа Оренбург сред густо пошумена област со површина поголема од Германија, се наоѓа затворот „Црниот делфин“.
Ова е еден од најстарите затвори во Русија, изграден е во 1745 година. Порано се викал „Острог“, еден период бил и болница. Новиот назив го добил по скулптурата на црн делфин што стои на влезот. Скулптурата е направена од затвореници, никој не знаејќи што е инспирацијата за такво нешто.
Казнената колонија број 6, или „Црниот делфин“ е еден од најлошите затвори во светот, каде се собрани најопасните луѓе од источната хемисфера. Во него сместени се околу 700 затвореници со извршени најтешки можни дела. Убијци, педофили, терористи, канибали, силувачи и други криминалци. Во затворот се наоѓаат шестмината најголеми живи убијци од Русија, некои од затворениците имаат извршено такви злодела што немаат ни најмала шанса за условно ослободување.
Ваква озогласена колонија да се контролира помеѓу четири ѕида бара посебни мерки. На вратите на секоја ќелија стои натпис со извршеното дело од затвореникот, за чуварите никогаш да не покажат емпатија кон нив. Затворениците имаат право на телефонски разговор, само четири пати во годината, исто и толку посети. Се чуваат во ќелии со повеќе челични врати и решетки на сите прозорци. Под просториите се канцеларии за да се спречи евентуално копање на тунел. Затворениците секогаш се со лисици на рацете, кога се вадат на прошетка чуварите ги вадат и наведнуваат надолу, најчесто со врзани очи за да немаат претстава каде се наоѓаат и можност да направат мапа на затворот. Прозивките преку ден се на секои 15 минути, со што не им се дозволува да спијат.
Сепак, животот во затворот и не е толку суров како што може да се замисли. Сите ќелии се опремени со телевизор, дозволени се весници и книги, на располагање им е и библиотека, а има и црква во затворот која ја изградиле самите затвореници. Од скоро имаат пристап и до компјутер, на кој може да ги следат своите случаи, да подготват жалба како и да аплицираат за работа во затворот. Достапни се неколку можности за платена работа во затворот, но заработените пари се испраќаат на жртвите од затвореникот.
Сите затвореници се осудени на доживотна робија, нивната бруталност го надминува здравиот разум и сите се сметаат за постојана закана за општеството. Како податок, жителите на овој затвор се одговорни за смртта на повеќе од 4000 луѓе.
Но, иако затворот не е популарен како Гватанамо, Алкатраз, Лондонската кула, АДХ Флоренс и други, убедливо важи за можеби најнепосакуваното, најлошото и најопасното место на светот, управата на „Црниот делфин“ може да се пофали со податокот, дека токму овој затвор е со нависок процент на злосторници кои на крај искрено се покајале за стореното.
„Мислам дека во затворов останаа малку луѓе кои мислат дека ја направиле вистинската работа. Годините покажуваат дека сте погрешиле. Сосема погрешиле“. – вели Дмитриј Бантиков, кој го заклал целото семејство.
Russia Today во 2017 година, после макотрпен период доби дозвола да изработи видео прилог и нивната екипа да го посети овој затвор. Тогаш, Игор Тишенко, еден од затворениците во „Црниот делфин“ изјави: „Многу е лесно да се влезе и биде животно овде, но тешко е да повторно да се стане човек“.
Тој е осуден на доживотен затвор за смртоносно пукање со ривалска банда. Тишенко и неговиот татко, кој исто така лежи во „Црниот делфин“, убиле седум лица и раниле осум други, меѓу кои и невини сведоци.
– Ме прашувате дали повторно би направил такво нешто? Имав доволно време тука и размислував за тоа. Единствено ми е криво што и јас не умрев со нив. Подобро ќе беше да умрев со нив. Јас не би го повторил делото “, додаде тој.
Од „Црниот делфин“ никој, никогаш не побегнал.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград