Поврзи се со нас

Гостивар

Најплатениот спортист на сите времиња за кој можеби никогаш не сте слушнале

Објавено

на

Секој ден сме сведоци на скапи трансфери во спортот, како и на “безобразно“ високи суми кои ги плаќаат компаниите на спортистите за реклами. На пример Тајгер Вудс, најдобро платениот спортист на денешницата, веќе стана милијардер (голф + реклами).

Арно ама, богатсвото на Тајгер Вудс не е ни блиску на она кое за својата 24 годишна кариера го стекнал римскиот тркач со кочии на две тркала – Гај Апулеј Диокле (лат. Gaius Appuleius Diocles), спортист кој заработил толку сестерции (староримски сребрени пари) доволно за да одржува петина од римската војска на највисоко ниво.

Диокле ја започнал неговата кариера на 18 години, а траела неверојатни 24 години. Велиме неверојатни бидејќи ова е опасен спорт и многу учесници гинеле многу млади учествувајќи во трките. Возењето на кочии било нешто слично како денешните трки со автомобили, 7 кругови на патеката, со еден исклучок, сите биле наоружани со мечеви, во случај некој од противниците да им се приближи.

Во текот на својата кариера, Диокле учествувал на 4.257 трки, победил на 1.462, а во 1.483 освоил второ или трето место. Скоро секогаш возел кочија која била влечена со 4 коњи и во оваа категорија бил далеку најдобар.

Откако се повлекол од тркањето на 42 години, Диокле добил свој споменик во Рим кој го подигнале останатите кочијаши заедно со публиката која просто го обожувала, а токму поради сето ова денес знаеме многу поединости за неговиот живот. Многумина пишувале за него и за неговата слава, на наша среќа тие записи се сочувани до денес.

Диокле е роден во Лузитанија во 2-от век, бил неписмен спортист кој до ден денес никој не го надминал по стекнатото богатство занимавајќи се со спорт. Во текот на својата кариера заработил неверојатни 35.863.120 сестерции, доволно да го снабди Рим со годишна залиха од жито, а сето тоа претворено во денешна вредност изнесува околу 15 милијарди долари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 минути

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 60 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена