Поврзи се со нас

Занимливости

Најрасипаните дубари во шах

Објавено

на

Отсекогаш се мислело дека во шахот не можат да се прават дубари – сите фигури се гледаат на плочата, грешката на судијата е исклучена. Сепак, во последно време сè почесто се среќаваат случаи на нечесна игра.

„Нечесната игра во шахот се среќавала и порано, но тоа биле ретки случаи“, вели Батраз Гогаев, мајстор на ФИДЕ, тренер и водител на шаховскиот клуб „Интелект“. Најчесто станува збор за шепотење отстрана, но и за посуптилни начини. Да кажеме, Крочној се сомневаше дека Карпов добива ливчиња со одговори во чаша со кефир, а исто така и дека Спаски користи хипноза. И за Михаил Таља постоеше сомневање дека користи хипноза. Еден негов соперник во текот на играта носеше очила за сонце за да ја избегне хипнозата.

„Можно е да постоело некакво психичко влијание кое не било директно поврзано со клиничката претстава за хипноза“, вели хипнотизерот Дмитриј Домбровски. Во најмала рака официјалната наука не потврдува можности за ваков вид хипнотичко влијание. Се имам среќавано со таков вид појави, сум ги проучувал тие необични психички влијанија на себе, но тоа нема никаква врска со хипноза.

Според современите правила, строго е забрането да се комуницира со кој и да е во текот на играта, но тоа всушност се контролира единствено на најголемите официјални натпревари: Светско првенство, Олимпијада, Европско првенство. „На обичните опен-турнири владее целосна слобода, еден или двајца судии, секако, не се доволни“, вели Влад Ткачев, европски шаховски првак, двократен првак на Франција.

Шаховски дубари развиени до мајсторство

Првата „чума XXI“ во шахот станаа компјутерските технологии – играчите користат минигарнитура која е незабележлива за туѓото око, а низ која ја добиваат потребната информација.

Бугарскиот шахист Владислав Топалов го обвини рускиот светски првак Владимир Крамник дека премногу често оди во тоалет (повеќе од 50 пати) во текот на мечот во Елиста. Менаџерот на Топалов беше уверен дека во тоалетот има скриено компјутер. Меѓутоа, публиката никогаш не ги виде доказите за да се потврди дека станува збор за нечесна игра.

Индиецот Умакан Шарма во капчето заши слушалка и блутут преку кои добиваше информации кои му се потребни за играта. Поради тоа беше дисквалификуван на 10 години.

Тројца француски шахисти смислија лукав план за дубара во 2011 година. Шахистот Кирил Марзоло, кој се наоѓаше во друг град, мораше преку Интернет да ја следи играта на Себастиен Фелер и со помош на компјутер да ги наоѓа најдобрите дубари. Потоа испраќаше кодирани СМС на неговиот тренер Арно Хокард кој се наоѓаше во салата каде се одржуваше турнирот.

Арно Хокард ја имаше најкомплицираната задача: секој од осумте играчи на турнирот, според договорот, одговараше со букви и бројки кои го означуваа полето на штицата. Хокард одеше околу масите и определено време се задржуваше кај определен играч. Ова задржување каде еден играч, а потоа кај друг, би можело да означува, да кажеме Б6. Значи од тоа поле требаше да се повлече потегот. За искусен шахист тоа беше доволно.

„Тоа беше првиот случај кога шахисти од таканареченото високо ниво беа обвинети за нечесна игра. На Себастиен Фелер, Кирил Марзлоу и на Арно Хокард им беше забрането учество на натпревари“, вели Батраз Гогаев.

Шпанскиот играч во пензија Понс смисли начин кој досега не е докажан. Сењор Понс на островот Мајорка неочекувано собра голем број поени. Гледачите и играчите беа во шок и му честитаа на Понс на победата, иако неговиот соперник откри дека потезите на компјутерската програма Hiarces во целост се совпаѓаат со потезите на пензионерот. Тоа е невозможно зашто човекот не е компјутер и може да одигра максимално само 25% од потезите што би ги одиграл компјутерот. Многумина шахисти зборуваа дека Понс преку слушното апаратче добивал совети, но никој не можеше да го докаже тоа, со оглед на фактот што Понс повеќе не се натпреваруваше на следните турнири.

Во бугарскиот шахист Борислав Иванов неколку пати се сомневаа за нечесна игра. На турнирот во хрватскиот град Задар доби тројца големи мајстори.

„Во текот на турнирот играчите почнаа да се сомневаат дека Иванов користи компјутер. Бараа Борислав да биде пребаран“, вели главниот судија на турнирот Ненад Дориќ. „Го замолив Бугаринот да ја соблече кошулата и да ги покаже џебовите. Ниту еден од начините на валкана игра кои барем мене ми се познати не беше користен. Иванов не комуницираше со никој, не ја напушташе салата, го користеше пенкалото на судијата, а неговиот телефон и личните работи беа кај судијата на маса. Можно е да користел нанотхенологии…“

Самиот Борислав Иванов велеше дека е „во шок од тоа што неговите соперници го обвинуваат дека користи техничка опрема што ја има само НАСА, дека има сопствен сателит кој му ги кажува потезите во текот на играта“.

Пред некое време беше разоткриен рускиот младинец Герман Меркин. Соперникот на Герман обрна внимание на неговото чудно однесување. Во џебот имаше мобилен телефон со позиции на партијата на екранот.

„Сметам дека е важно да се подвлече оти е потребно да се донесе службено правило кое од сите играчи ја симнува пресумпцијата на невиност. Како и во другите видови спорт, судиите на натпреварите мораат да имаат можност да проверат кој било играч во кој било момент. Уверен сум дека на тој начин ќе се спречат 95% од недобронамерните играчи“, вели Влад Ткачев.

Извор: Russia Beyond

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 6 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 7 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 8 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 10 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 11 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена