Вести
Најслаба вредност на еврото во однос на доларот во изминатите 20 години

На пазарот на пари денес едно евро вреди еден долар, што е најслаба вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на внимателноста на светскиот пазар на капитал, кога станува збор за состојбата во еврозоната, затоа што Европа е многу потешко погодена со тешкотиите при снабдување енергија од САД, објави германската медиумска куќа Дојче веле.
Како што се прецизира, за нијанса еврото и понатаму е појјако од доларот, затоа што за едно евро се добива 1,0011 долари, додека апсолутно најнискиот крус беше неодамна по воведувањето на заедничката европска валута, во почетокот на мај 2001 година, кога еврото вредеше 83,8 американски центи.
И покрај значајни поскапувања, Европската централна банка заостанува зад мерките на други земји. Па така, референтната каматна стапка беше подигната не само од американската банка ФЕД, туку и од Велика Британија или Швајцарија.
Затоа вредноста на еврото опаѓа веќе со седмици, не само во однос на американскиот долар, туку и на кинескиот јуан и на други валути.
Но, како што наведува Дојче веле, не се случува ништо драматично, бидејќи нема сериозни потешкотии во европската економија.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја