Вести Гостивар
Најсочниот чоко-колач од кујната на баба

Постарите секогаш „кријат“ рецепти за слатки десерти кои се подготвуваат на лесен, брз и едноставен начин, а сепак се уживање на сите кои сакаат да си каснат благо. Овојпат од старата тетратка за рецепти на бабите и тетките ви го пренесуваме рецептот за сочен чоко-колач.
состојки:
6 јајца
2 филџани шеќер
100 гр. чоколада за готвење
половина филџан масло
7 лажици брашно
половина кесичка прашок за пециво
125 гр. маргарин
подготовка: Шест белки убаво се матат со шеќерот (од двата филџани се одзема 3 лажици), по што се додава маслото и 50 гр. рендано чоколадо за готвење. Во посебен сад се мешаат брашното и прашокот за пециво, па се додаваат во претходната смеса и се мешаат. Така подготвеното тесто се пече во премачкан плех на 220 степени околу 15 минути.
Фил: Трите лажици шеќер и жолчките се варат во тенџере, на тивок оган додека не се растопи шеќерот. Треба цело време да се мешаат за да не загори. Потоа се додава маргаринот и уште 50 гр. чоколада за готвење. Се варат додека не се истопи се убаво.
Врз тестото се става филот убаво се размачкува, па одозгора за декорација може да ставите чоколадна глазура, рендана чоколада, шеќер во прав, шарени трошки, овошје и слично, по желба. Кога ќе го ставате филот врз тсетото, важно е и двата дела да бидат се уште врели.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер