Поврзи се со нас

Занимливости

Најубавите Божиќни базари во Европа-Мали „земји на чудата“

Објавено

на

    Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божиќни базари, коишто не се само места каде што можете да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку и вистински мали „земји на чудата“…

    Стразбур, Франција

    Во град во источна Франција се наоѓа најстариот божиќен базар во земјата. Тој постои од 1570 година, а денес вообичаено го посетуваат два милиони луѓе секоја година. Овде, не е само Божиќниот базар што вреди да се истражи. Областа околу катедралата, на пр., е преобразена во блескава „Недојдија“, прошарена со подароци, треперливи светилки, закуски и – мирисот на цимет… Не е за чудо што Стразбур е познат како „главниот град на Божиќ“.

    Базарот „Кристкинделсмарик“ (Christkindelsmärik) во Стразбур трае од 27 ноември до 27 декември.

    Нирнберг, Германија

    Можеби една причина зошто толку многу луѓе се собираат на Божиќниот базар во овој јужногермански град околу празниците е, се разбира – германскиот обичај „Кристкинд“ (Christkind) којшто е меѓу најпривлечните знаменитости… Исто како и целокупната атмосфера, со традиционални закуски и домашно вино, како и украсената кула на фонтаната „Шене брунен“ (Schöne Brunnen) од 14. век.

    „Хауптмаркт“ (Hauptmarkt) во Нирнберг трае од 29 ноември до 24 декември.

    Клисура Равена, Германија

    Околу 40 метри под сводовите на огромниот Железнички мост во германската облат Шварцвалд се наоѓа Празничниот базар на клисурата Равена. Се работи за шаренило од колиби и необични божиќни светилки, некаде покриено со дебел слој снег. За уште поубав поглед, навечер целиот мост е осветлен во темно црвена боја.

    Базарот во Равена трае од 22 ноември до 15 декември.

    Виена, Австрија

    Следниот базар на оваа листа, по правило, е најголемиот и, според многумина – навистина најдобар „Божиќен свет“. Со своите над 100 висококвалитетни тезги, едноставно, „ги вовлекува“ гостите во празнично расположение. „Ратхаусплац“ ќе трае од 11 ноември до 26 декември.

    Единбург, Велика Британија

    „Зимскиот фестивал“ во шкотската престолнина е голем и полн со настани, како и неговите легендарни новогодишни прослави. Се протега од „Источната улична градина на принцезите“ (East Princes Street Gardens) сè до „Ројал мајл“ (Royal Mile). Празничната екстраваганција вклучува лизгање на мраз, продавници за занаетчиски производи, храна и – многу тезги со виски.

    Базарот на „Источната улична градина на принцезите“ трае од 18 ноември до 5 јануари.

    Фалкенбург, Холандија

    Некои од пештерите на градот се стари, велат – колку и самиот Божиќ… Имено, подземниот систем во југоисточна Холандија првично бил ископан од Римјаните пред речиси 2.000 години.

    Базарот во Фалкенбург трае од 15 ноември до 5 јануари.

    Келн, Германија

    Божиќните базари во поранешната староримска колонија секоја година привлекуваат четири милиони гости. Траат од 18 ноември до 23 декември.

    Бирмингем, Велика Британија

    Овој Божиќен базар се смета за најголемиот „автентичен“ базар вон Германија и Австрија. Иако не може да говориме за автентичност, со сигурност може да се говори за добро поминато време. Тука се пробуваат ѓевреци, колбаси, греено вино, пиво и топло чоколадо, додека разгледувате рачно изработени дрвени украси и стаклени топчиња за на елка.

    Базарот во Бирмингем трае од 1 ноември до 24 декември.

    Севиља, Шпанија

    Можеби најнеобичното искуство тука би било – санкање под палми на попријатна температура. Но, тоа не е сè што добивате на божиќниот пазар во Севиља, којшто, исто така, е познат и по својата музика во живо и карактеристичните андалузиски ракотворби.

    Базарот во Севиља трае од 29 ноември до 23 декември.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена