Поврзи се со нас

Занимливости

Најубавите дворци во Европа

Објавено

на

Дворците или замоците, се едни од најважните историски градби на светот, а сигурно и меѓу најубавите и најимпресивните. Послужиле како инспирација за многу бајки, приказни и легенди, а кога малку подобро ќе ги погледнете, не е чудно што со векови ја потикнувале имагинацијата и биле толкав извор на инспирација.

Еве неколку од нив:

Neuschwanstein, Германија

The Amazing History and Architecture of Neuschwanstein Castle ...

На врвот, на карпа над клисура, 5 km од Фусен, се наоѓа еден од најубавите и најбајковити дворци во светот Neuschwanstein – Нов лебедов камен. Иако заповедта на кралот Лудвиг II, кој воедно и го изградил, била дворецот да се сруши по неговата смрт, неговата желба не била исполнета. Со што светот добил уште една неверојатна градба, а Волт Дизни инспирација за дворецот на Заспаната убавица.

Château de Chaumont, Франција

Château de Chaumont-sur-Loire in Chaumont-sur-Loire, France ...

На помалку од 200 km јужно од Париз, помеѓу градовите Турс и Блоис, одалечен 40 метри од брегот на Лиор, во природна оаза се наоѓа прекрасниот дворец Château de Chaumont (или Château de Chaumont-sur-Loire).

Alnwick Castle, Англија

Alnwick Castle – Alnwick, England - Atlas Obscura

Alnwick Castle е средновековна тврдина и упориште на моќното семејство Перси, го изградил Војводата од Нортумберленд, се наоѓа во истоимениот град Нортумберленд, традиционална, церемонијална и административна грофовија во северна Англија.

Alcázar de Segovia, Шпанија

Una visita al Alcázar de Segovia

Alcázar de Segovia е бајковит средновековен дворец кој се наоѓа во стариот шпански град Сеговиа. Потекнува уште од 2-от век пред нашата ера.

Convento de Cristo, Португалија

Convento de Cristo -Tomar - Hotel Cova da Iria - Fátima

Convento de Cristo (Манастир на Христовиот ред) денес служи како римокатолички манастир во градот Томару, но во 12-от век кога е изграден, дворецот бил многу важна твдина на легендарните Темплари.

Bojnický zámok, Словачка

FOTO: Legendárny Bojnický zámok zachytený užívateľmi instagramu

Замокот Bojnický е средновековен дворец кој се наоѓа во градот Бојнице во Словачка. Денес е најпосетуван самостоен музеј во земјата, кој секоја година го посетуваат околу 200.000 туристи. Покрај туристите редовни гости се и филмските студија кои во него често снимаат одредени сцени.

Hluboká, Чешка

Private Full-Day Trip to Hluboká Castle from Prague 2020

Дворецот Hluboká е еден од најпознатите дворци во Чешка. Изграден е во неоготички стил, а неговиот денешен изглед е направен по пример на дворецот Windsor во Англија. Најстариот претходник на Hluboká е ран готички дворец изграден во 13-ти век. Во текот на средниот век, редовно се менувале сопствениците, им припаѓал и на кралевите и на аристократите, а сите тие го реконструирале и го менувале изгледот на оваа стара средновековна тврдина.

Castelul Peleș, Романија

Castelul Peles | Series 'The most wonderful castles and palaces ...

На крајот од прекрасна шумска патека, на врвот на еден рид на Карпатите, во близина на градот Синаје во Романија, се наоѓа прекрасниот неоренесансен Castelul Peleș, еден од најпознатите и најубави дворци во државата. Изградбата на дворецот ја нарачал првиот крал на Романија Карло I, а службено е отворен 1883-та година.

Balmoral Castle, Шкотска

File:Balmoral Castle.jpg - Wikimedia Commons

Дворецот Balmoral е шкотска резиденција на кралското семејство уште откако принцот Алберт го купил за кралицата Викторија 1852-ра година. После смртта на кралицата целата имовина припаднала на кралот Едвард VII, а потоа и на секој од неговите наследници. Поради големината и убавината, Викторија го викала “овој прекрасен рај“.

Kasteel de Haar, Холандија

Kasteel de Haar е најголемиот и најпосетуваниот дворец во Холандија, а се наоѓа во непосредна близина на Утрехт, оддалечен половина час возење од Амстердам. Овој дворец има сѐ што може да се очекува од еден дворец кули, вода околу него, големи капии, висечки мостови, паркови и градини. Без сомневање, Kasteel de Haar е еден од најлуксузните дворци во Европа.

Château de Chambord, Франција

Sortie en hélicoptère - Les Châteaux de la Loire - 13 mars 2016 ...

Иако некогаш бил само обична ловечка кабина во шумата Château de Chambord е претворен во најголем дворец од лоирската група, шест пати поголем од останатите, со 440 соби, 84 скали, 365 камини, парк и шума од 4563 хектари и 33 километри ѕидови кои го опкружуваат.

Rosenborg Slot, Данскa

Rosenborg Slot | Rosenborg Castle in Copenhagen, Denmark | Gittan ...

Овој дворец се наоѓа во Копенхаген во Данска. Првобитно е изграден во 1606-та година како летниковец. Овој ренеснсен дворец се смета за еден од најдобрите примери од многуте архитектонски проекти на Кристијан IV.

Castell Conwy, Велс

Best places to visit in 2020, according to National Geographic ...

Conwy е еден од ретките дворци кои и понатаму овозможуваат автентично средновековно доживување на воената архитектура, а негов најдобар и наједноставен опис можеме да најдеме во водичот на велската историја, во кој се наведува: “Conwy е по сите стандарди една од највеличенствените тврдини на средновековна Европа.“

Pałac w Mosznej, Полска

Zamek z bajki, czyli zamek w Mosznej | Dobra Szkoła Nowy Jork

Ова е еден од најпознатите и најубави дворци во Полска, сместен во близина на градот Мосзна. Неговиот спој на неоготичка, барокна и неоренесансна архитектура, величенствената градина и дури 99 кули му даваат изглед на класичен дворец од бајките.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 7 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 9 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 11 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 11 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 12 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 13 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 15 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 17 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена