Вести
Најубавите СМС пораки за Божиќ

Кај и да си, за Божиќ дома да си! Но, секогаш има некој кој не е покрај нас, а сакаме да биде. Затоа малото внимание никому не штети. Во продолжение следуваат неколку убави СМС пораки за Божиќ:
-
Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!
-
Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.
-
Како што бадниковиот оган се ложи,во вашиот дом среќа да се множи,нека светла ѕвезда во животот вас ве води,зашто денес е Божиќ – Христос се роди!
-
Денешниот блажен ден нека ви биде радосен!Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати.
Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди. -
Во телото здравје, во душата мир, во мислите спокој, во срцето младост..Честит Божиќ, ти испраќам полна вреќа радост!
-
Бадниковата вечер нека го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а Божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов.
-
Нека божиќниот дух ти го стопли срцето, нека те одведе каде што ќе посакаш, нека ги исполни сите твои молитви и нека ти ја подари смиреноста, истрајноста и љубовта на Исус.
-
Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!
-
На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение