Поврзи се со нас

Гостивар

Највисока бројка на заразени со корона во регион на Гостивар до сега, вкупно 23 – една почината пациентка и 8 оздравени

Објавено

на

Во регионот на Гостивар денес се бележи највисока бројка на заболени откако почна ковид пандемијата. Министерството за здравство потврди вкупно 23 нови случаи. Според податоците од епидемиолошката служба, 16 се од Општина Гостивар, 5 од Општина Врапчиште. Информациите за жителството на останатите 2 потврдени пациенти се уште се очекуваат.

Министерството за здравство соопшти дека во болницата во Гостивар починала пациентка позитивна на корона на возраст од 80 години. Во дневниот извештај има евидентирано и 8 оздравени пациенти од гостиварското подрачје.

На инфективното одделение во гостиварската болница хоспитализирани се 15 пациенти со ковид, од кои неколкумина се на кислородна поддршка.

Гостиварскиот регион денес е на трето место во Македонија по број на инфицирани со коронавирус.

Во последните 24 часа во земјава биле направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи. Најголемиот број од регион на Скопје – 60, по кој следува Свети Николе – 29 и Гостивар со 23 новозаболени.

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена