Рецепти
Највкусната пита од тиква оваа есен!

Изобилството на тикви од најразлични видови што ги нуди есента дефинитивно треба да се искористи во кујната.
Ви претставуваме рецепт за една вкусна пита од тиква која ќе направи вашиот дом да мириса посебно.
Потребни состојки:
- 1 килограм тиква
- 700 грама тенки кори
- 4 јајца
- шеќер
- сол
- цимет
- масло
Начин на подготовка:
Тиквата се ренда, се посолува, се става една лажица шеќер и се остава да отстои. Потоа измешајте со рака, стискајќи ја тиквата и исцедете ја. Се матат четири јајца, се додава тиквата, осум лажици масло, кесичка цимет и малку шеќер. Во подмачкан плех ставете две кори, врз нив ставете го филот од тиквата, па корите и така додека не го потрошите материјалот. Попрскајте со масло и печете на 150 степени околу 20 минути, додека не порумени. Изладената пита исечете ја на парчиња и посипете ја со шеќер во прав и ванилин шеќер.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград