Вести
Најврнежливо во западниот дел на Македонија – метеоропатите на удар
Земјава е зафатена од влажен и студен бран кој донесе нови обилни врнежи од дожд. Според податоците од мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во текот на ноќта и утрово наврнал во западниот дел на Македонија. Во Пожаране измерени се 20 литри на метар квадратен воден талог, во Тетово 19, додека во Маврово 16 литри.
И за во текот на денот се најавува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Во Гостивар и околината претпладнево температурата се движи од 8 до 10 степени. Во ноќните часови на планините можни се врнежи од снег.
Биометеоролошката прогноза неповолна за метеоропатите, особено во попладневните часови. Од УХМР предупредуваат дека очекувани реакции се главоболка, болки во колената, грбот и честа појава на општа слабост. Во вечерните часови поизразени ќе бидат ревматските болки и артритичните промени.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди