Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Најздравите грицки на светот – Пуканки

Објавено

на

Пуканките секогаш се наоѓаат на листата со најздрави грицки. Па, можеби ќе се изненадите, но тие имаат и многу здравствени бенефиции за нас..

Пуканките се направени од зрна на пченка и се грицки со скриени хранливи вредности. Пуканките можете да ги јадете во солена и блага варијанта. Која и да ја преферирате, пуканките се одлични грицки, особено додека гледате телевизија. Ако сакате да јадете пуканки, тогаш дефинитивно мора да ги знаете здравствените предности на оваа намирница.

Цели зрна: Пуканките се направени од зрна од пченка, а целите зрна не можат да бидат лоши за вашето здравје. Тие се богати со влакна како овошјето и зеленчукот, што ги прави многу подобри грицки од чипсот и бургерите. Пуканките кои ги купувате надвор можат да бидат нездраво подготвени, па затоа, секогаш подготвувајте ги дома во тава со малку масло.

Антиоксиданси: Истражувачите откриле дека пуканките содржат полифеноли (антиоксиданс). Овој антиоксиданс е многу посилен од витамините Ц и Е. Полифенолот ги исфрла токсините од телото и го подобрува имунолошкиот систем. Истражувачите откриле дека една порција пуканки има 300 мг полифенол (13 проценти од просечната потрошувачка потребна на дневна база за здраво тело). Овој антиоксиданс го забавува стареењето, го лекува запекот, ја подобрува работата на цревата, го подобрува срцевиот ритам и спречува појава на рак.

Нерастворливи влакна: Постојат два вида на влакна, растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите се разложуваат во вода, а нерастворливите не се разложуваат во вода, но се движат низ цревата истовремено апсорбирајќи се.

Нерастворливите влакна даваат притисок на цревата и лекуваат запек. Пуканките се грицки од цело зрно богати со нерастворливи влакна. Тоа значи дека пуканките лесно се преработуваат и не ве прават подебели. Како и овошјето и зеленчукот, пуканките се богати со нерастворливи влакна кои лекуваат запек. Нерастворливите влакна прават да се чувствувате сити долго време. Значи, нема да чувствувате глад подолго време.

Ова се неколку од здравствените предности на пуканките. Ако навистина сакате тие да бидат хранлив оброк, тогаш подготвувајте ги исклучиво сами. Исфрлете ги од исхраната пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи тие се многу богати со калории.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена