Поврзи се со нас

Македонија

Налепници со „НМК“ ознака наместо промена на регистарски таблички

Објавено

на

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблички.

Целта на ова решение за употреба на налепница со „НМК“ ознака, предложено од МВР како најсоодветно, функционално и економично решение, е да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и правните лица за издавање повеќе нови документи, лиценци, сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се испочитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија.

Покрај ова, со ова решение им се овозможува олеснување и на транспортерите кои патуваат во ЕУ, со што ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги.

За операционализација на наведениот предлог Министерството за внатрешни работи веќе подготвува измена на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање.

Со измената на правилникот ќе се предвиди можност на сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака „МК“, на местото на кое е поставена ознаката „МК“, да се стави налепница на која е испишана национална ознака „НМК“. На постарите регистарски таблички со три броја, кои не ја содржат буквената ознака „МК“, ќе се предвиди можност за ставање на налепница со испишана национална ознака „НМК“ на просторот пред местото каде е испишано регистрационото подрачје.

Притоа, оставена е можност за избор на граѓаните, што значи физичките и правни лица доколку не сакаат да стават налепница на постојните регистарски таблички, можат да побараат и замена на старите со нови регистарски таблички.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена